Пратениците од опозицијата бурно реагираа дека им се ускратува правото на процедурални излагања пред да се гласа за дневниот ред, сметајќи го тоа за законско и деловничко прекршување, по што Лазaревска ја прекина комисиската седница.

Претходно, пратеничката Вјолца Адеми од ДУИ побара дискусите да бидат во рамки на она што е на дневен ред и да се почитува собранискиот Деловник, прашувајќи што има лошо во тоа да се расправа за нешто што ќе им обезбеди економска сигурност на наставниците со транформација на нивниот работен однос од определено на неопределено време, да се расправа за нивно побрзо напредување и кариерен развој.