Иранската морнарица соопшти дека Ормуската Теснина е затворена и дека бродови од различни земји не смеат да минуваат низ неа.

„Последицата од прекршувањето на иранските прописи во Ормуската Теснина е тоа што „довербата во американската терористичка војска ја проголтува оган““, изјави претставник на морнарицата. Тој алудирал на супертанкерот што се запалил ноќеска во теснината, откако налетал на поморска мина.

Според извештаите, од вчера биле погодени и најмалку два танкера во близина на брегот на Саудиска Арабија, во Персискиот Залив.