Полицијата во Хрватска започна акција за апсење на членовите на навивачката група „Бед блу бојс“ поради европска потерница која стигна од Атина.
Полицијата постапила според налогот и уапсила неколку навивачи. Уапсени се девет членови на „Бед блу бојс“. Полицијата не сака ништо официјално да потврди од како што велат „тактички причини“. Сè уште се трага по еден член на БББ.
Во Загреб пристигнаа европски потерници за навивачите кои избегаа од Грција по нередите, објави денеска „Јутарњи лист“ повикувајќи се на неофицијални извори.
„Уапсете ги и екстрадирајте ги овие „лоши сини момчиња““ – стои во барањето на грчките власти со список од десет имиња на навивачи на Динамо осомничени дека учествувале во нередите во Атина вечерта пред натпреварот од 2. прелиминарно коло на Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо на 7 август, во која беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.