По повод одбележувањето на 11 март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, 80 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта-Треблинка, Собраниски делегации, ќе положат цвеќе на повеќе спомен обележја.

Како што најавија од Собранието, денеска во Битола ќе положи цвеќе собраниска делегација во состав на Марија Кочовска, Олга Лозановска и Силвана Ангелеска. Цвеќето ќе биде положено во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ – пред споменикот на жртвите на Холокаустот од Битола и во Здравствен дом „Хаим Абраванел“ – пред споменикот на Естреја Овадија-Мара.

Во петок во Штип собраниска делегација во состав на Емилија Рамбабова и Никола Мицевски ќе положи цвеќе пред споменик на депортираните Евреи, а во недела собраниска делегација во состав на Марија Георгиевска, Рашела Мизрахи и Иванка Василевска ќе положи цвеќе во Тутунски комбинат-Монопол, пред Споменикот на 7144 македонски Евреи и на Еврејски гробишта – Градски гробишта Бутел, пред Споменикот на депортираните Евреи и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ во Скопје.