-МРТ формираше интерна комисија, која ги разгледува и анализира сите аспекти кои произлегуваат од реакциите на јавноста, врзани за проектот „Евросонг“. Јавниот сервис исто така ќе ги има предвид обврските нотирани во лиценцата за учество, како и обврските кои произлегуваат од членството во Европската радиодифузна мрежа – ЕБУ, каде МРТ е составен дел од здружението на јавни сервиси во Европската Унија. Јавноста наскоро ќе биде дополнително информирана за конечната одлука на МРТ, вели Мери Попова, шефица на македонската евровизиска делегација.

Деновиве се појавија и петиции во кои јавноста бара од МРТВ да го повлече учеството на Гарванлиев на „Евровизија“,а организаторите и потписниците на петициите се согласни дека претставникот треба да биде променет, но и да се размисли дали навистина сакаме да учествуваме како држава на овој фестивал.

За потсетување, скандалите поврзани со пејачот започнаа по објавување на спотот за претставничката песна на кој го нема македонското знаме, туку ликовен експонат кој потсетува на бугарското знаме, а подоцна Гарванлиев призна и дека поседува бугарско државјанство.