По смртта на малата Јана, вонреден инспекциски надзор има во битолската болница. Се врши истрага за причините за смртта на детето.

Од Министерството за здравство за утре најавуваат вонреден инспекциски надзор за овој случај. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена.

Семејството на девојчето од Кравари кое почина во битолската болница бара одговорност од лекарите.

„Ќерка ми Јана почина зашто лекарите ѝ дадоа гликоза после што ѝ се крена шеќерот на 19“, вели за „Слободен печат“ Стојче Христовски, од селото Кравари.