Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во југозападните делови со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавува УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Од четврток до сабота се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.