Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години предмалку ја забележа втората победа на тековниот квалификациски турнир.

По победата во првото коло против Црна Гора, сега совладана е селекцијата на Азербејџан со конечни 2:0.

Стрелци на головите за македонскиот состав беа Попески во 11. минута, а по половина час игра Вајсман си постигна автогол.

Во последното коло Македонија ќе ги одмери силите и ќе се сретне со репрезентацијата на Србија.