Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало откако му се слошило за време на посета кај роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој кратко време подоцна починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.
