Скопскиот бизнисмен кој вечерва бил пронајден повреден покрај возило кај скопското село Орман, им подлегнал на повредите во болница.
Според првичните информации, тој околу 19 часот бил пронајден во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи до паркирано возило „Лексус“ со повреди на главата.
Дел од медиумите јавуваат дека покрај него биле пронајдени пиштол и чаура.
Повеќе детали МВР ќе соопшти утре, а ќе се истражува дали станува збор за убиство или самоубиство.