Регистрирани се четири нови случаи на КОВИД-19, од кои три лица од Скопје и едно лице од Прилеп.
Пријавено е 1 починато лице: од Скопје (66г).
Регистрирани се 14 оздравени пациенти – осум од Скопје, три од Куманово и по еден од Прилеп, Неготино и Македонска Каменица.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.