Пристигнаа трагични вести од Шпанија. Откако претходно информациите укажуваа дека неговата здравствена состојба нагло се влошила, следуваше официјална потврда дека напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина на 30-годишна возраст.
Фудбалерот претходниот ден доживеа срцев застој по тежок судир со противничкиот голман на натпреварот против екипата на Андора, по што лекарите водеа битка за неговиот живот, но тој им подлегна на компликациите.
Состојбата на 30-годишниот фудбалер драстично се влошила во текот на ноќта, по што медицинските служби соопштија за фаталниот исход.
Ова претставува ненадоместлива загуба и огромна трагедија за шпанскиот и светскиот фудбал.
Тажната вест за смртта на својот напаѓач ја потврдија и од раководството на фудбалскиот клуб Тенерифе.
