На 81 годишна возраст, почина Хилдегард – Хилда Кондовска, телевизиски новинар од првите генерации на МТВ.

Кондовска својата долга и богата новинарска кариера ја започнува есента 1962 година, веднаш по враќањето од Италија каде ги посетува курсевите што во тоа време ги организираше RAI (Италијанска радио телевизија).

Била новинар, коментатор и уредник на Редакцијата за култура и уметност на ТВ Дневникот на МТВ, каде што го поминала најголемиот дел од својот работен век.

Во 1992 година, Кондовска преминува во културна редакција на МТВ. Зад себе остави големо новинарско наследство во Архивата на МТВ, како уредник на серија емисии за нашите македонски цркви и манастири, потоа на портрети на современи писатели, композитори, драмски, музички, балетски и ликовни уметници, и како автор на емисии од историјата на македонскиот театар, градот Скопје и други.

Работела и за весниците Нова Македонија, Вечер, Културен Живот и други.

Погребот ќе се изврши во кругот на семејството.