Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ.
Веста за нејзината смрт ја објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Првата сопруга на претседателот е родена во 1968 година во Белград, каде што дипломирала и историја на уметност на Филозофскиот факултет.
Таа беше новинарка 28 години.
Вучиќ го запознала во 1995 година на Радио Индекс, додека водела дуел меѓу него и Александар Чотриќ.
Тие се венчаа две години подоцна, а се разделија во 2011. Имаат две деца, синот Данило и ќерката Милица.