Како што јави дописникот на МИА од Белград Ѓуричиќ беше хоспитализиран на крајот на минатиот месец поради коронавирус.
Роден е во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Има свирено во „Леб и сол“, „Ју Група“, „Кербер“ и беше тапанар на Здравко Чолиќ и Ѓорѓе Балашевиќ.
Има пишувано и музика за театарски претстави.
Ѓуришиќ зеде активно учество во граѓанските протести во Србија во 1996 година, предводејќи група од 30 тапанари.