Нема големи промени, единствени повратници се Радески, Хасани и Аврамовски, а дебитант ќе биде голманот Јанков.

– Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на Нациите и квалификациите за ЕП и успеаја да и го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот спрема репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа, изјави Ангеловски.

Според најавите, подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство, фудбалската репрезентација на Македонија ги започнува на 22. март во Скопје.

Квалификациските натпревари за нашата селекција ќе стартуваат против Романија (25 март, Букурешт), а потоа следуваат и натпреварите против Лихтенштајн (28 март, Скопје) и Германија (31 март, Дуизбург).