По бурните реакции за спотот на песната „Here I stand“, беше објавено дека спотот за пената ќе се менува.

Но, проблемите за Гарванлиев продолжија откако тој откри дека освен македонски има и бугарски пасош, бидејќи баба му била по потекло од Бугарија и имал далечни роднини таму. За себе вели дека е роден во Струмица, која како што вели се наоѓа од „другата страна на земјата“.

Во моментов кружат две петиции, а во првата има и барање – Македонската Радио Телевизија веднаш да го повлече настапот на Евровизија 2021.