Сидни Поатје, првиот Афроамериканец кој доби Оскар за најдобар актер, почина на 94 години. Причината за смртта сè уште не е позната.
Смртта на познатиот оскаровец ја потврди Фред Мичел, министер за надворешни работи на Бахамите. „Останав без мојот голем пријател“, рече тој за локалните медиуми.
Поатје доби Оскар во 1964 година за „Лилјаните на полето“ и тоа беше пресвртница во филмската индустрија и поттик зад црното движење кое се бореше за граѓанските слободи во Америка. По ова, Поатје имаше уште две номинации за Оскар, десет за Златен глобус, шест за Бафта.
Публиката ќе го памети и по улогите во „Господине, со љубов, погоди кој доаѓа на вечера“ и „Во жештината на ноќта“, „Стир лудо“, „Порги и Бес“, „Патики“ и „Шакал“.
Роден е на 20 февруари 1927 година, а беше оженет двапати, со Хуанита Харди и Џоана Шимкус. Имаше шест деца, 8 внуци и три правнуци.
Тој исто така беше дипломат, како амбасадор на Бахамите во Јапонија, од 1997 до 2007 година.