Немил настан беше во центарот на вниманието на концертот на Роби Вилијамс во Сиднеј каде почина една жена.
Имено, додека публиката ги пееше хитовите на познатиот пејач, една од обожавателите се обиде да прескокне неколку редови за да биде што поблиску до поп ѕвездата.
Седумдесетгодишната жена се лизнала и паднала во шест реда седишта на стадионот Алијанц, при што се здобила со тешки повреди на главата и паднала во кома.
Веднаш и била укажана помош и пренесена во болницата Сент Винсент. Жената била во кома и подоцна починала, пишува „Гардијан“.