Оваа најнова студија, како што се наведува, нуди увид во тоа како болеста може да го оштет срцето и како одредени третмани може да помогнат да се спречи фатален исход.

Научниците собрале доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а се ппокажало дека дел од пациентите имале зголемено ниво на тропонин, молекули кои е солободуваат во крвта кога доаѓа до оштетување на срцето.

Некои пациенти добиле воспаление на срцевата ќеса која го опкружува срцето, а имало и случаи на воспаление на самиот срцев мускул, но не е јасно дали овие проблеми се предизвикани од коронавирусот кој до нападнал срцето директно или е се последица на преактивен имунолошки одговор.

Истражувањето било спроведено во Општата болница во Масачусетс на околу 1000 срцеви ткива.