Партиите го кажаа своето, сега на ред се гласачите. Започна изборниот молк пред утрешното гласање. Кампањата беше долга, со многу митинзи и директни средби со граѓаните кои утре ќе кажат кој ја стекнал нивната доверба.
Советничките листи се поделија, останаа уште половина од градоначалниците и градот Скопје.
На гласачите останува да одлучат кого сметаат дека треба да ја води нивната општина и да ги решава нивните секојдневни прблеми.
Каков бил изборот ќе дознаеме во недела околу полноќ.
Во вториот круг ќе се гласа во вкупно 44 општини. Право на глас имаат 1 353 990 избирачи на 2481 избирачко место. Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќe има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет. Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври