Заради продолжениот рок од еден месец, заради законската можност од поплаки во однос на проценките и заради фактот што треба време да се обработат апликациите од платежната агенција исплатата на парите од субвенциите за тутунарите ги најавуваат за во текот на Мај.
Според Бачовски досега исплатени речиси целосно се парите за субвенциите од 2019 година а од програмата за 2020 година од вкупно предвидените 58,5 милиони евра за директни плаќања за земјоделците досега реализирани се 47% односно исплатени се 27,6 милиони евра.
Тој информираше дека од денеска почнува аплицирањето за субвенциите за новата програма за која има и нови изглед на веб страницата каде се врши електронското пријавување што не треба да ги буни земјоделците. Сите ќе добијат бесплатна помош за електронските барања во подрачните единици на мзшв како и во просториите на агенцијата за поттикнување на развојот за земјоделството. Крајниот рок за доставување на барањата е 31 мај 2021 година.