Серијата на августовски големи настани ќе биде заокружена со „кралицата на спортовите“. Најдобрите светски кошаркарски репрезентации по 19-ти пат ќе играат на Мундобаскетот во битката за планетарниот трон. За првпат Мундијалот ќе се одржи во повеќе земји, а домаќини се Јапонија, Филипините и Индонезија Сепак, нема да има претставник на една од земјите домаќини, затоа што Индонезија не се пласира на завршниот турнир со 32 селекции.

Репрезентациите се поделени во осум групи со по четири селекции. Двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза, во која ќе се формираат четири нови групи со по четири репрезентации. Од тие групи двете најдобри ќе одат во четвртфиналето, кога почнува нокаут фазата.

А група: Ангола, Доминиканска Република, Филипини и Италија
Б група: Јужен Судан, Србија, Кина и Порторико
Ц група: САД, Јордан, Грција и Нов Зеланд
Д група: Египет, Мексико, Црна Гора и Литванија
Е група: Германија, Финска, Австралија и Јапонија
Ф група: Словенија, Зеленортска република, Грузија и Венецуела
Г група: Иран, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска и Бразил
Х група: Канада, Летонија, Либан и Франција

Титулата од 2019 година ја брани Шпанија, која во финалето беше подобра од Аргентина, која, пак, за чудо, не се пласираше на овогодинешното првенство. Третата беше Франција. Прв фаворит и овој пат се Американците, но во кругот на најголеми фаворити се сметаат и Германија, Шпанија, Франција, Канада.