Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека веќе 95 институции се поврзани преку Платформата за интероперабилност. За 130 отсто e зголемен бројот на трансакции споредено со лани, на 3,5 милиони трансакции во јули.
– Податоците треба да се движат, не граѓаните. Ако државата веќе има одреден податок, нема причина повторно да го бара од вас на шалтер – посочува Андоновски на објавата на Фејсбук.
Целта, како што вели, не е само институциите технички да бидат поврзани, туку граѓанинот да ја почувствува разликата.
– Помалку документи. Помалку чекање. Помалку бирократија. Тоа е дигитализацијата што сакам да ја изградиме: државата да ја завршува работата зад системот, а граѓанинот да ја добие услугата – нагласува министерот Андоновски.
