Кампања за засилена продажба на брендовите Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа и Фантазиа

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, денеска организира работен состанок со претставници на најголемите ланци на маркети, дистрибутери, Советот на странски инвеститори и здруженија, со цел да им се обезбеди поддршка на компанијата Макпрогрес – Виница по неодамнешниот пожар кој предизвика сериозни штети врз дел од имотот и производствените капацитети.

Како што наведуваат од Стопанската комора, на состанокот ќе се обратат претседателот Азески и првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов. Тој ќе ги соопшти идните насоки за работењето на компанијата, како и повеќе детали во врска со пожарот.

– Целта на состанокот е креирање на кампања за засилена продажба на производите на Макпрогрес – Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа, како и голем дел од производите кои се произведуваат под приватни трговски марки на водечките малопродажни ланци на маркети во Македонија, стои во соопштението.