Министерството за внатрешни работи наскоро ќе го отвори новиот пункт на кој ќе се вадат документи без закажување. Тој е во финална фаза на подготовки.
Информациите се дека деновиве се врши тестирање на системот и веќе од следната недела тој ќе биде пуштен во употреба.
Просторот ќе биде со 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за новите лични документи.