Општина Неготино е целосно подготвена за оперативна интервенција на терен при појава на нови врнежи од снег. Локалната самоуправа ги презеде сите превентивни мерки за одржување на сообраќајната комуникација.

И покрај тоа што тековните временски прилики не наметнуваат потреба од итно чистење бидејќи патиштата се суви и сообраќајот тече непречено по влажни коловози, службите остануваат во состојба на зголемена приправност.

„Иако моменталната состојба исклучува потреба од интервенција на терен бидејќи сите патни правци на територијата на нашата општина се проодни и сообраќајот по нив се одвива нормално и по влажни коловози, Општина Неготино ги информира граѓаните дека сè е подготвено за интервенција на терен доколку се јави потреба“, соопшти Нацева.

Градоначалничката појасни дека посебно внимание е насочено кон повисоките ридско-планински населени места каде што постојат услови за пообилни снежни врнежи и замрзнување на коловозите.

„Но, се разбира и во градот и сите населени места. За таа цел, на располагање е ставена целокупната механизација и работна рака со цел за навремено интервенирање на терен“, додаде Нацева.