Рамиз Мерко, човек кој повторно се најде во очите на јавноста откако се прошири Црната листа на САД се здоби со уште обвинение. Имено, струшкиот градоначалник свесно ги заобиколил законските норми и противзаконски поставил директор на струшкото село Лабуништа.
Противзаконски чин на Мерко
На 31 јануари 2022 година тој свесно отишол против законот при именување вршител на должност – директор на основно училиште во селото Лабуништа. Притоа донел и решение за вршител на должноста и именувал лице кое не било од вработените, инофмираат од јавното обвинителство Струга.
Ваквиот, незаконски назначен директор на функцијата се задржал 19 месеци и ја примал диркекторската плата. Со тоа е нанесена штета за неосновано исплатените плати и придонеси.
Набавка на луксузен мерцедес
Претходно, пред само еден месец од ОЈО ГОКК за Рамиз Мерко се произнесоа со обивинение за набавка за луксузното „ауди“ од државни пари.
Мерко се најде на црната листа
Завчера на црната листа се најдоа и Катица Јанева и Стевчо Јакимовски, па така одново се актуелизираше Рамиз Мерко.
Во јуни 2023-та година струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се најде на црната листа на САД поради негова вмешаност во значителна корупција, а откако Стејт департментот му забрани влез во САД на Мерко. Тогаш, со реакција се јави и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер. Агелер потенцира дека САД ќе продолжи да се бори против секој оној кој го поткопува владеењето на правото и е закана за напредокот и стабилноста на Северна Македонија.