Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, бензините поевтинуваат за два денари, а за исто толку се намалува и цената на дизелот.
Па така, од ноќеска на полноќ литар еуросупер БС-95 ќе биде со цена од 76,5 денари за литар, бензинот еуросупер БС-98 ќе се продава за 78,5 денари, а еуродизелот ќе чини 74 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ, цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 73 денари за литар, додека мазутот ќе се продава за 40,572 денар.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.