Полициски службеници во петокот околу 17 часот влегоа во домот на 25-годишен скопјанец со наредба за претрес. Момчето кај кое извршуваа службени дејствија живее во Карпош и како што дознава порталот МКД.мк, им е колега вработен во МВР, односно е полицаец од полициската станица во Ѓорче Петров.
При претресот најдена и одземена е марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.