На 25.08.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Димче Мирчев“, возило „дачиа“ сопственост на МВР, управувано од С.С. (45) полициски службеник, удрило во Г.Ј.(63) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.