Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на Министерството официјално стави во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и Бирото за јавна безбедност.
Во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија денес имам можност да ги ставиме во употреба нови автомобили обезбедени за потребите на полициските сектори и единици. Се работи за автомобили од производителот „шкода“ набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел. Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел – изјави Тошковски.
Тој најави дека следната година ќе се градат нови полициски станици и ќе се набават и нови униформи за најголем број полициски единици со цел модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата.