Во бугарскиот медиумски простор се пласираат многу невистини околу тепањето на Пендиков и слични дезинформации како дека полицијата не му помогнала, лекарите не го лечеле, а и дека тој не бил никаков дилер.
Полицијата одговорила дека нема да дојдат штом станува збор за него. Го одбила и брза помош. Тој се обидел да стигне до полиција откако бил претепан, па отишол во болница. Во болницата му рекле дека ништо не можат да му направат и да си оди дома да чека операција – рече Стојанов во настап на бугарска национална телевизија.
Претседателот на клубот „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков нема криминално досие и ќе ги тужи македонските медиуми кои така го наклеветија – изјави претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов во емисијата „Денот почнува“ на бугарската телевизија БНТ.
Тој уште тврди дека на Пендиков по тепањето не му била укажана медицинска помош, а полицијата не сакала да интервенира. Стојанов раскажа своја верзија на инцидентот, но не потврди дали лично бил сведок.
– Беше во ресторан со девојка. Дојдоа три лица, од кои едното е јавна личност во Охрид. Почна јавно да го напаѓа пред луѓето. За време на самото тепање сведоци повикале полиција. Полицијата одговорила дека нема да дојдат штом станува збор за него. Го одбила и брза помош. Тој се обидел да стигне до полиција откако бил претепан, па отишол во болница. Во болницата му рекле дека ништо не можат да му направат и да си оди дома да чека операција – рече Стојанов.
Тој ги негираше тврдењата изнесени во медиумите дека против Пандиков била поднесена кривична пријава, откако кај него бил пронајден кокаин.
– Медиумите во Северна Македонија го наклеветија Христијан и се обидоа овој етнички прогон да го пренесат како ќотек од кафана. Мислам дека ќе сака да ги тужи медиумите кои го направија криминалец. Христијан нема никакви пријави во полиција, тој е активист на Црвениот крст од дете – вели Стојанов.
Тој рече дека Пандиков денеска треба да биде опериран, зашто вилицата му е скршена на три места, а операцијата ќе ја изведат француски и бугарски доктори.
Според Стојанов, Христијан и сега добивал онлајн закани, дека ќе дојдат во Бугарија и ќе го убијат.
– Односот на многу државни институции во РСМ кон Бугарите е тенденциозен и дискриминаторски. Бугарите кои живеат таму се плашат за своите животи – рече Стојанов.
Како што објавија повеќе македонски медиуми, во архивата на МВР, тепаниот Х.П. се појавува како лице со кривична пријава, откако охридската полиција на 17 декември нашла кај него кокаин.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, се вели во соопштението на СВР Охрид тој ден. Исто така, и тепачите кои му ја скршиле вилицата на Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, во повеќе наврати.