Во Пекинг и во Шангај е забележано засилено присуство на полицијата со цел да спречат нови протести против ковид ограничувањата.
Најголемите протести во Кина, откако Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со барање за негова оставка, почнаа поради политиката на „нулта толеранција на ковид“ и воведувањето на нови строги мерки со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Протестите во Кина почнаа откако во пожар, што изби во зграда во Урумчи на 24 ноември, загинаа десет луѓе. Демонстрантите тврдат дека на жителите од запалената зграда не им било дозволено да побегнат поради ковид ограничувањата, поради што голем број од нив загинале.
Кинеските власти негираат дека мерките воведени за запирање на ширењето на коронавируст ги забавиле напорите на спасувачите и пожарникарите во запалената зграда во градот Урумчи.
Кинеската политика на „нулта толеранција на ковид“ го наруши животот на милиони луѓе, а има и смртни случаи поради овие мерки. Исто така, таквата политика има негативен ефект врз кинеската економија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан вчера изјави дека „постојат сили со задни намери на социјалните мрежи, кои го поврзуваат пожарот со локалниот одговор на Ковид-19