Од МВР ниту ги демантираат, ниту ги потврдуваат деталите од медиумите кои вечерва шпекулираат дека се апсат и луѓе на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

МИА ги контактираше ОЈО, АНБ и МВР, кои официјални информации најавуваат по завршувањето на акцијата.

Порталите и он лајн медиумите, повикувајќи се на неофицијални информации, пишуваат дека во полициска акција се апсат неколку истражители на АНБ и еден помлад оперативец.

Според истите непотврдени пишувања станувало збор за рекетирање на бизнисмен. Официјални информации се најавуваат во текот на утрешниот ден по сумирањето на сознанијата во полициската акција. (МИА)