Припадниците на МВР во соработка со Специјалното обвинителство за борба против високотехнолошкиот криминал во Белград, уапсија 11 лица под сомнение дека сториле, прибавиле и поседувале порнографски материјал и експлоатација на малолетници за порнографија.
МВР денеска уапси 11 лица кои ширеле детска порнографија, снимале и дистрибуирале порнографски содржини на малолетници.
Според соопштението на МВР, овие лица контактирале со децата преку Интернет и со нив договориле средби поради сексуални односи.
Во продолжение на акцијата „Армагедон“ уапсени се М.М.(1995) од Пирот, М.М.(1995), М.М.(1983), И.М.(1981) и Ф.Б.(1999), сите од Белград, како и Н.Т.(1995) од Топоница, А.С.(1978) од Панчево, Д.М.(1984) од Суботица и С.Н.(1981) од Турија. Уапсени се и Ф.Р.(1996) од околината на Чачак и И.А.(1964) од Власотинце.
При претресот на становите на осомничените, пронајдени се видео клипови и фотографии создадени со малолетници во порнографски цели, содржини за сексуална експлоатација на деца на возраст од пет до 12 години, како и други фотографии и видеа на деца кои се злоупотребувани за порнографски цели.
На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство.