Претседателот на Движење Беса Биљал Касами оцени дека нема да има криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците на Таравари самостојно да оди на изборите за совети на општините.

Од друга страна дефинитивно нема да има соработка на коалицијата Вреди со АА на Таравари на локалните избори за градоначалници.

– Тоа поглавје е затворено, а ние како коалиција Вреди одлучивме да одиме заедно со градоначалници и со членови на советот и советници, а што се однесува до владина криза, нема таква можност, Владата има стабилно мнозинство. И самиот Таравари кажа дека не е подготвен да излезе од владината коалиција – изјави денеска од Тетово, Биљал Касами.

– Од друга страна веќе има понуди и барања разговори со други политички фактори во делот на опозицијата кои се подготвени да бидат дел од владиното мнозинство, така што ценам дека оваа ситуација нема да ја разниша и Владата, напротив, владиното мнозинство ќе биде уште поголемо – одговори Касами на денешните новинарски прашања за политичките теми по настан од општината.

Тој присуствуваше на отворањето на „Инфо центар” во близина на градскиот плоштад.

 

Извор: PLUSINFO