Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува „Политика“ изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“.
Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.
По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на Самитот за климата, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќностсрбије“