Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица.

Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41) од Кратово била лишена од слобода на 27.10.2026 во 11:30 часот.

Полицијата постапила по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“, таа се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.

Против Стојна Димитровска Боотх се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“, а Основниот суд во Кратово ѝ изрече мерка на претпазливост со забрана да го посетува заштитениот локалитет.

На 4 август 2026 година, по предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на Стојна Димитровска Боотх ѝ беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Оваа мерка беше изречена откако таа континуирано ги кршеше претходните забрани, а при последниот инцидент на почетокот на август физички нападна туристи и полициски службеници кои се обидоа да ја легитимират.