За жал љубителите на фудбалот останаа без да видат ниту еден гол во првото полувреме во финалето на Европското првенство. Шаховски финале меѓу Шпанија и Англија, останува да видиме кој прв ќе нападне во следните 45. минути.

Единствениот момент кој беше вредно да се забележи е во судиското надополнување кога Фил Фоден по изведување на слободен удар се најде пред голот на Шпанија, но не успеа да го совлада противничкиот голман, Симон беше на вистинското место.

Англичаните имаа еден корнер, додека Шпанците шест.

 

Извор: sportsport.mk