На повеќе места ветерот ќе достигне брзина над 60 километри на час, особено на повисоките места во западните делови.
Во Скопје, слично време со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
До сабота времето ќе биде сончево со изолирана појава на краткотраен дожд. Во сабота под влијание на влажен бран, ќе има врнежи од дожд во поголемиот дел од земјава кои наместа ќе бидат пообилни. Во недела и понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со засилен ветер од западен правец.