Локално ќе има појава на невреме со поинтензивни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, информираат од УХМР.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Преодно стабилизирање ќе настапи во деновите од викендот, а нови пообилни врнежи се очекуваат во првите два дена од следната седмица. Температурата ќе биде во постепено благо опаѓање.