Во врска со тоа дали ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки рече дека смета оти нема да има нови мерки, бидејќи било констатирано дека никаква дополнителна рестрикција од тоа што е сега не може да даде ефект.

– Гледавме што се случува во многу други земји. И во земји во кои имаше многу поголеми рестрикции од нашата сега имаше исто така многу силен бран. Привремени од неколку дена одлуки за карантин не дадоа никаков ефект и тоа оди во прилог на тезата дека кога има широко распространета локална трансмисија единствено нешто што треба да се прави е да се почитуваат сегашните мерки, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.