Обилните дождови денеска предизвикаа големи поплави во главниот град на Турција, Анкара.
Дождот проследен со ветер предизвика материјална штета, корнејќи покриви од згради и дрвја.
Поради надојдената вода сообраќајот во Анкара е блокиран.
Поплавена е една од големите автобуски станици во градот.
Според метеоролозите обилните дождови во Анкара ќе продолжат и во наредните часови.