Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска.
Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти.
Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро.
Локалните медиуми јавуваат дека се урнале неколку земјоделски објекти, а поплавите однеле и неколку автомобили.
Властите прогласија состојба на природна катастрофа.
Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што се поплавени голем број објекти.
Поплавени се големи земјоделски површини во Зворник во источна БиХ, соопштија локалните власти.