Квалификациите за Светското првенство во кошарка, кое следната година ќе се одржи во Катар од 27 август до 12 септември, сè уште се во тек. Сепак, веќе се познати осум репрезентации кои обезбедија место на големата сцена.

Покрај домаќинот Катар, кој има загарантиран настап, досега пласман на Мундобаскетот обезбедија Германија, Франција, Полска, Хрватска и Турција од Европа, како и Канада и Австралија.

Европа има најмногу места на Мундобаскетот, вкупно 12, па битката за преостанатите визи ќе биде особено интересна.