Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде подготвен за настап на претстојниот Аустралијан Опен и официјално ќе го пропушти првиот грен-слем турнир во годината.
Здравствениот проблем на Синер се активираше по настапот на Вимблдон, по што италијанскиот тенисер мораше да го откаже учеството на голем број турнири во вториот дел од сезоната.
Откако минатиот месец потврди дека предвреме ја завршува натпреварувачката сезона, веќе беше извесно дека и неговиот настап на престижниот турнир во Мелбурн е крајно неизвесен. Сега пристигна и официјалната потврда дека Синер целосно ќе се концентрира на својата рехабилитација и ќе планира камбек на терените за некој од следните турнири во текот на 2027 година.
