Попова потенцираше дека Шилегов во неговата програма “За живот во Скопје” на граѓаните од западниот дел на градот, односно Ѓорче Петров и Сарај им ветил проект наречен “Западната порта на Скопје, кружен тек кај мостот кон Сарај”. Жителите кои секојдневно гравитираат на овој дел од подрачјето на Скопје, секојдневно се соочуваат со проблем во однос на сообраќајот, бидејќи на местото каде што треба да се изгради кружниот тек кој е ветен од Шилегов се случува огромен метеж и премногу е комплицирано вклучувањето на мостот кон Сарај. Шилегов е должен да им одговори на граѓаните до каде е реализацијата на овој проект и дали воопшто ќе започне, бидејќи четири години на таа локација не е започнато, ниту пак направено апсолутно ништо.
Како второ прашање Попова го посочи проблемот со вработените во Град Скопје, односно со нивната систематска поставеност и прашањето колку од нив се со решение или пак договор. Иако во неколку наврати Попова го потенцирапа и го поставила ова прашање до Шилегов, сепак досега нема одговор на ова прашање. Зошто Шилегов не сака да соопшти на јавноста колку од вработените се во постојан работен однос, колку од вработените се на договор преку агенции и колку работат хонорарно за потреби на Град Скопје?
Советот на Град Скопје на 11..02.2021 донел одлука за потпишување договор за подготовка и имплементација на на промоција на кампања за посебни проекти и активности на Град Скопје во висина од 8 милиони денари. Под истото се подразбира изработка на медиа план за закуп на рекламен простор односно билборди и светлечки реклами, план за закуп на рекламен простор на веб портали и социјални мрежи, како и дистрибуција на рекламни материјали. Прашањето до Шилегов е со која намена е направен овој договор и се трошат народните пари и кои се всушност посебните потреби кои Шилегов ги навел во документацијата?!
Ваквите матни зделки се синоним за владеењето на СДСМ во Скопје и градоначалникот Петре Шилегов. За сите проневерени пари на народот, ќе следи одговорност.
Уште само три месеци и граѓаните ќе го казнат Петре Шилегов за неработењето и сето зло кое што го нанесе на скопјани за само четири години:
Локалните избори во октомври се зрела шанса за скопјани и избирање на нов градоначалник, човек кој со јасна визија ќе работи за скопјани и градот Скопје.