Цената на нафтата Брент денеска се зголеми на повеќе од 94 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта достигна околу 89,5 долари за барел, што се највисоки нивоа во последниот месец, поради новите напади на Блискиот Исток.
Новите ескалации го продолжуваат прекинот на извозот на нафта од тој регион, пренесе Трејдинг економикс.
САД почнаа нов бран напади врз Иран откако двете земји на почетокот на неделата разменија удари, со што судирот дополнително ескалира, иако Вашингтон претходно сигнализираше дека кон Техеран ќе се ограничи на економски мерки.
Се очекува протокот на танкери да биде значително намален, по извештаите дека земјите од Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ) овозможиле извоз на одредени количини нафта, што донесе извесно олеснување на пазарот на сурова нафта и деривати.
Поголем раст на цените на суровата нафта спречија големите економии со користење на резервите за да ги ублажат последиците од намалениот увоз.
Стратешките резерви на нафта на САД (СПР) паднаа под 290 милиони барели, што е најниско ниво од 1982 година. Истовремено, Кина значително го намали увозот на сурова нафта, додека преработката во тамошните рафинерии е намалена за само 1,6 милиони барели дневно, што укажува на намалување на потрошувачката на сурова нафта и покрај стабилната побарувачка за нафтени деривати.
