Министерот за внатрешни работи, Кајса Олонгрен, еден од водачите на разговорите, е последниот член на владата со позитивен тест на Ковид-19. Претходно беше утврдено дека и државен секретар се разболел од коронавирус, по што целата влада беше подложена на тестирање.
-Премиерот Марк Руте е негативен на тестот, потенцираше владиниот портпарол.
Руте бара партнери за формирање нова влада, откако на минатонеделните парламентарни избори неговата десноцентристичка Народна партија за слобода и демократија освои мнозинство, отворајќи го патот за неговиот четврти мандат како премиер.
„Либералните демократи 66“ се најдоа на второто место , по што двете партии денеска требаше да почнат преговори за формирање можна коалиција.